Мелбурн: Спречен терористички напад за Божик
Австралиската полиција спречи терористички напад, планиран за Божик во центарот на Мелбурн, по повеќе рации во кои се уапсени седум лица. Подоцна две лица се ослободени.
- Уапсените планирале да нападнат прометни локации, како што се железничката станица во Мелбурн, Плоштадот на Федерацијата и катедралата Свети Павле, изјави началникот на полицијата во државата Викторија Грејем Ештон.
Тој прецизираше дека уапсените биле инспирирани од пропагандата на Исламска држава и оти „самите се радикализирале“.
Четворица од приведените се по потекло од Либан а родени во Австралија, а петиот е од Египет.
Ештон објасни дека приведените биле под надзор на полицијата одреден период, а за време на претресот, полицијата собрала материјал за правење импровизирани експлозивни направи.
- Сигурно постоел потенцијал извесен број луѓе да бидат повредени или убиени во овој напад, рече Ештон.
Премиерот на државата Викторија Даниел Ендрјус најави дека на улиците на Мелбурн за Божик ќе бидат распоредени дополнителни полициски единици со цел граѓаните да се чувствуваат безбедни.
Ширум светот е кренато нивото на безбедност поради страв од терористички напади.
Ново на Сител
-
Филипче: Владата да каже за што се потрошени парите од унгарскиот кредит
-
Делегација од Кисела Вода предводена од градоначалникот Ѓорѓиевски положи цвеќе на гробот на Борис Трајковски
-
Мицкоски: Точно се определени начините како можат да се трошат средствата обезбедени преку кредитната линија од Унгарија
-
Има закон и ќе одговараат пред него, им порача Мицкоски на супер маркетите кои картелски се здружуваат
-
Дожд и повремен снег во наредните денови
-
Планетарна линија на небото деновиве
-
Казнети 120 возачи вчера за брзо возење, 72 за возење без возачка дозвола
-
Обвинета медицинска сестра од Австралија, најдено видеово кое кажува дека нема да лекува Израелци и дека ќе ги „убие“