Мелони и Зеленски разговараа за постигнување праведен мир и обнова
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, со кого разговараше за постигнување праведен мир и обнова со фокус на енергетскиот систем на Украина.
Лидерите се сретнаа денеска на економскиот форум Амброзети во италијанскиот град Чернобил, пренесува Анса.
Мелони изјави дека Италија има сериозен став кога е Украина во прашање, нагласувајќи дека земјата не може да се остави на судбината бидејќи тоа „ќе предизвика хаос“.
Таа рече дека не мисли дека судбината на Украина е запечатена и додаде дека „мир се постигнува ако дојде до застој“ на бојното поле.
Премиерката истакна дека Италија придонесе за застојот со обезбедувањето поддршка за Украина, бидејќи конфликтот почна со голема руска предност.
– На оние кои зборуваат со мене за мир, кои велат дека не смееме да испраќаме оружје во Украина затоа што (така) се создава мир, сакам да им укажам дека ако дошло до инвазија нема потреба од никаква преговарачка маса, која може да се создаде доколку дојде до застој меѓу силите на теренот, рекла Мелони.
Зеленски на Х информира дека една од клучните теми за кои разговарале била обновата и реконструкцијата на Украина, со особен фокус на обновата на украинскиот енергетски систем.
– Длабоко ја цениме одлуката на Италија да биде домаќин на следната Конференција за закрепнување на Украина во 2025 година. Зборувавме и за спроведувањето на Формулата за мир, каде Италија има активна улога во секоја нејзина точка. Им благодарам на Џорџа и на италијанскиот народ за поддршката и заедничките напори за враќање на праведниот мир, напиша Зеленски.
Ново на Сител
-
Барале пари за да дадат информации - Нови детали за изчезнувањето на Лидија
-
Родри ја освои Златната топка со 41 глас повеќе од Винисиус
-
Мицкоски: Се обидуваме „Рош“ да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени
-
Според тестирањата во прилепските градинки, секое второ дете има проблеми со говорот
-
Мицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка
-
Од утре температурите пониски за пет до седум степени
-
ПСЖ би можел да го ангажира Куртоа за да му се одмазди на Реал за Мбапе
-
Едно лице загина, 13 се повредени во напад на руски дрон врз Одеса