Македонија
13. March 2018 - 8:40

Меморандум за соработка меѓу ДИК и Инклузива

Државната изборна комисија, во согласност со европското законодавство, Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, домашната регулатива и интерните акти, денеска ќе склучи Меморандум за соработка со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“.

Основен приоритет на двете страни, како што велат од ДИК, е преку реализација на целите од овој Меморандум да придонесат кон зголемување на поддршката на граѓаните со попреченост во сите сегменти и фази на изборниот процес, остварување на нивните гласачки права, унапредување на работата на изборната администрација во создавање на услови за унапредување на инклузивноста за гласачите со попреченост и успешно спроведување на инклузивни избори.