Меморандум за соработка меѓу Филозофскиот факултет и музеи од Македонија и Босна

Филозофскиот факултет-Скопје, Археолошкиот музеј на Македонија, Музејот на Македонија, Музеј на Град Скопје и Земаљски музеј на Босна и Херцеговина од Сараево денеска потпишаа Меморандум за соработка.
Потписници се деканот на Филозофскиот факултет Горан Ајдински и директорите на четирите музеи: Весела Честоева, Мирјана Нинчовска, Томислав Микулчиќ и Марица Филиповиќ.
- Меморандумот е потпишан за да се овозможи ефикасна и координирана соработка меѓу наведените институции, втемелена на платформа на заемна доверба и разбирање која ќе опфаќа низа активности кои се од интерес и полза за сите страни од областа на археологијата, историја на уметности за научно-истражувачка дејност, изложбени активности, издаваштвото, набавка на публикации, соработка при организација на настани и практична настава за студентите на Филозофскиот факултет, соопшти Филозофскиот факултет каде што денеска е потпишан меморандумот.
Иницијатор за потпишување на меморандумот е вршителот на должност во Амбасадата на РМ во Сараево Александар Крстевски и Институтот за историја на уметност и археологија при Филозофскиот факултет. На потпишувањето на Меморандумот присуствуваше и амбасадорката на Босна и Херцеговина во Македонија Лепа Бабиќ.
Ново на Сител
-

Измените на Изборниот законик остануваат блокирани во Собранието
-

Ново судење за Пулс - се читаат пораки од телефонот на газдата на дискотеката, Деко
-

Грант од ЕБОР за изградба на автопатот Скопје-Блаце
-

Неопходна е поголема државна поддршка за спас на земјоделството од климатските промени
-

Антибиотиците ја губат силата, антимикробна резистентност
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССК
-

Преговорите за Изборниот законик пред пропаст
