Меморијален турнир во мал фудбал „Тоше Проески“
Меморијален турнир во мал фудбал „Тоше Проески“ по осми пат се одржа викендов во спортскиот центар „Форца“, под покровителство на општина Карпош, во организација на здружението „Мандра“.
Како што информира општина Карпош, на меморијалната манифестација присуствувал претседателот на советот на општината Сашо Лазаровски, кој истакнал дека локалната самоуправа ќе продолжи континуирано да поддржува ваков тип на манифестации, со цел да ги негува културните различности кои меѓусебно кохабитираат во оваа општина.
Претседателот на здружението на стопанственици Власи „Мандра“ Никола Костов и додели благодарница на општина Карпош, како традиционален покровител на спортскиот турнир „Тоше Проески“.
На меморијалниот роденденски турнир во чест на Тоше Проески учествуваа четири екипи „Мандра“ од Скопје, „Општина Карпош“ од Скопје, „Крушува“ од Крушево и „Лиличеа Ароши“ од Велес. Во рамки на културно забавната програма на турнирот учествувале познати интерпретатори на влашки песни, рецитатоти и други културни работници.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Венко Крстевски, независен советник и кандидат за в.д. градоначалник на Кочани
-
Притвор за четворица, куќен за шестмина ново осомничени за пожарот во Кочани
-
Стабилна е состојбата на повредените во пожарот во Кочани кои се на лекување во старата Градска болница
-
Во Вреди секој вреди, но кој ќе излезе ќе го изеде волкот
-
АХВ уништи небезбедно месо, јајца и бои за јајца
-
Неизвесен стартот и површините кои треба да бидат посеани со ориз
-
Објавен повикот за млади земјоделици - државата дава 10.000 евра
-
Кичевчани стравуваат за своето здравје - депонијата ги гуши