Мерц го повика Путин да ја прекине „бесмислената војна“ против Украина

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го повика рускиот претседател Владимир Путин да ги прекине нападите врз Украина и да покаже подготвеност за разговори, велејќи за време на посетата на Киев дека нападите врз цивилите мора да прекинат, објави ДПА.
„Господине Путин, запрете ја оваа бесмислена војна! Подготвени сме за преговори, подготвени сме да разговараме за нејзино прекинување. Но, овие варварски напади врз цивилното население на Украина мора да престанат“, рече тој.
Мерц и украинскиот претседател Володимир Зеленски ја посетија Националната академија на науките во Киев, која беше погодена во напад со дрон во понеделникот. За време на неговата посета, руските напади неколку пати ги активираа сирените за воздушен напад, а порано наутро беше погоден и мост на север од главниот град.
Зборувајќи меѓу урнатините на академијата, Мерц рече дека напади како овој јасно ја покажуваат бесмисленоста на конфликтот.
„Напад врз Академијата на науките во Киев, во центарот на градот, на само неколку стотини метри од Германската амбасада. И утрово, во мирна недела, воздушен напад во Киев. Ова се секојдневни воени злосторства што се извршуваат тука“, рече канцеларот.
Потсети дека украинската инфраструктура е секојдневно погодена додека земјата се подготвува за зима.
„Уште еднаш апелирам до руското раководство, до рускиот претседател: Запрете ја оваа војна! Можеме да разговараме, но само кога оружјето ќе замолчи – и мора да замолчи“, додаде Мерц.
Во нападот со дрон врз академијата се уништени два ката од историската зграда, една жена загина, а околу шест лица се повредени.
МИА
Ново на Сител
-

Роналдо инвестираше 10 милиони евра во создавање нов бренд за минерална вода
-

Лекорну за протестите: Франција нема да дозволи да биде заплашена преку насилство
-

Протестите во Париз, Лион и Стразбур ескалираа во судири со полицијата, уапсени 166 лица
-

Ѓорѓиевски: За моите сограѓани секогаш има време - и оваа сабота со отворени врати и искрен разговор
-

Утре сончево со умерена облачност
-

871 прекршок за електрични тротинети во септември, најчесто возење без кацига
-

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласале 85 болни и немоќни лица
-

На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
