Мерц повторно се кандидира за претседател на германската централно-десничарска ЦДУ

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повторно ќе се кандидира за претседател на конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ) на националната конференција на партијата во југозападниот град Штутгарт, јави ДПА.
На дводневниот конгрес се очекува како почесен гостин да присуствува и поранешната канцеларка Ангела Меркел, што ќе претставува нејзина прва посета на федерална партиска конференција на ЦДУ од крајот на нејзиниот мандат.
Мерц ќе бара силна поддршка од партиските делегати додека се кандидира за реизбор за првпат по изборот за канцелар во мај 2025 година.
ЦДУ и нејзината баварска сестринска партија, Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), се во коалиција со централно-левичарските социјалдемократи, потсетува германската агенција.
Нивото на поддршка за Мерц ќе биде внимателно следено. Во 2024 година, тој доби нешто помалку од 90 отсто од гласовите на својот прв реизбор на партиската функција, откако претходно во јануари 2022 година обезбеди 94,6 отсто од партиските гласови на на онлајн конференцијата за време на пандемијата на коронавирусот.
Делегатите ќе гласаат и за предлогот на извршниот комитет на ЦДУ за „нов раст на пазарот на домување“.
Во подготовката за конференцијата доминираа контроверзните коментари на Мерц во кои тој ги критикуваше начинот на живот со „скратено работно време“ на германските работници, предизвикувајќи гнев кај левичарските партии, потсетува ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

Зошто власта го одби предлог-законот за ГПС алки за насилниците?
-

Teма на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-

Ненад Савески ја презема функцијата државен јавен обвинител
-

Пред пожарот во „Пулс“, Дирекцијата за заштита и спасување никогаш не контролирала дискотеки
-

Наместо да свика итна седница за мерки, Владата се шета во Брисел на прослави, вели Филипче
-

Владата веднаш да преземе мерки против растечките цени на нафтата
-

Нова фаза од војната на Блискиот Исток - Напади врз енергетската инфраструктура
-

Филипче: Нема да дозволам некој да не дели
