Мерц: Русија сериозно ќе преговара за мир само под притисок

Русија сериозно ќе преговара за прекин на војната во Украина само ако биде ставена под силен притисок – изјави денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц, истакнувајќи дека Москва одговорила со масовни напади врз украинската енергетска инфраструктура на предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за договор за испораки на руско дизел-гориво. Тој ја потврди цврстата поддршка на Германија и Европа за украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Германскиот канцелар иронично се осврна и на ветувањата на Трамп, дадени уште на почетокот на неговиот втор претседателски мандат, дека ќе ја заврши војната во Украина за неколку дена.
– За жал, конфликтот во Украина не е завршен, иако тоа беше целта што претседателот Трамп си ја постави уште на почетокот на својот втор мандат – да ја заврши војната за неколку дена – изјави Мерц.
Тој соопшти дека советниците за надворешна политика на лидерите на Велика Британија, Франција и Германија престојувале во САД во текот на викендот, каде што разговарале за ова прашање со американската администрација.
– Продолжуваме неуморно да бараме заеднички пристап што ќе помогне да се стави крај на оваа војна – изјави германскиот канцелар.
MИА
Ново на Сител
-

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година
-

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков
-

Мадрид: Промовирана книгата „Во срцето на Шпанија“ - Сведоштво за храброста на македонските доброволци
-

Мицкоски по Самитот: Се бориме да вратиме што беше продадено
-

Тема на денот со Саша Богдановиќ, претседател на Српска демократска лига
-

Мицкоски од Црна Гора: Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но поради вештачки причини не ги почнавме преговорите
-

Евроамбасадорот Рокас очекува заедничка иднина со ЕУ и инвестиции во одбраната
-

По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе се суди во отсуство
