Мерката за патување во Грција е приверемена за празничниот период, задолжителниот ПЦР тест треба да не е постар од 72 часа
Одлуката за воведување задолжителен ПЦР тест за патување во Грција од сите земји и за сите патници без разлика дали се вакцинирани или не е вонредна и пивремена мерка за празничниот период со цел да се спречи и контролира ширењето на омикрон сојот на Ковид-19 околу празниците, објасни денеска портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, појаснувајќи дека тестотот треба да биде направен 72 часа пред патувањето.
Мерката, како што вчера објави МИА стапува во сила в недела на 19 декември во 6 часот наутро, а иако од Министерството за здравство на Грција беше соопштено дека тестот треба да биде 48 часа сепак, направена е промена и задолжителен е 72 часа пред патувањето.
Со оглед на тоа дека мерката се однесува на сите земји, важи и за туристите од Северна Македонија.
На денешниот редовен брифинг со новинарите, Иконому истакна дека „оние кои ќе доаѓаат во земјата од странство на било кој начин, или авионски или со возила преку копнените граници, дури и да се вакцинирани ќе треба да имаат ПЦР тест не постар од 72 часа“.
– Тоа е вонредна мерка за празничниот период, со апсолутно конкретна филозофија. Колку што можеме повеќе да контролираме и да забавиме поголемо ширење на омикрон сојот, со цел да добиеме време за зголемување на имунизациската покриеност со бустер дозата. Со оглед на тоа што овој период ќе има раздвиженост или од наши сограѓани кои ќе се вратат во земјата за празниците или граѓани кои ќе одат во странство и ќе се вратат, неопходна е мерка што, како што знаете, ја спроведуваат и останатите европски земји, а карактерот ќе биде привремен. Во однос на временскиот период не би сакал од сега да се обврзам со точниот датум на траење, но генерално е за овој период околу празниците, рече Иконому одговарајќи на прашањето на МИА.
Исклучок постои за оние патници кои во земјите од кои доаѓаат престојувале помалку од 48 часа.
Детали околу конкретната мерка, како што е пракса во Грција ќе има во министерската одлука што дополнитлно ќе биде објавен во Службен весник.
Ново на Сител
-

Променливо облачно со локален дожд
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
