Mеркел ги повика Германците на обединетост околу бегалската криза
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ги повика Германците да го вратат духот присутен за време на обединувањето на земјата во 1990 година, за полесно да се изборат со предизвикот за интегрирање на стотина илјади бегалци и мигранти.
- Германското единство беше многу посебно, рече Меркел во своето неделно обраќање до јавноста, а во пресрет на 25-годишнината на обединувањето на Германија на 3 октомври.
Иако призна дека прифаќањето бран бегалци и соочување со задачата за повторно обединување на две многу различни работи, германската канцеларка истакна дека интегрирањето на луѓето кои бегаат пред војната и сиромаштијата бара сличен напор од целото германско општество.
Германија е најпожелна дестинација за стотици илјади бегалци кои бегаат од војна и сиромаштија на Блискиот Исток и Африка, и пристигнуваат во Европа.
Се очекува во Германија само оваа година да пристигнат дури милион луѓе, што е голем пораст во однос на бројот од 200.000 бегалци и мигранти, колку што пристигнаа во изминатата година.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра