Свет
14. November 2016 - 10:46

Меркел ќе го поддржи Штајнмаер за претседател на Германија

Христијанско-демократската унија на германската канцеларка Ангела Меркел ќе го поддржи министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер за кандидат на владејачката коалиција на претседателските избори следната година.

Штајнмаер би требало да биде кандидат за наследник на актуелниот претседател Јоаким Гаук.

Според германски медиуми засега не е јасно, кој ќе го наследи Штајнмаер на функцијата шеф на дипломатијата во случај да победи на претседателските избори.