-->
-->
Меркел: Нараснатата агресовност нема да ја смени нашата политика кон бегалците и мигрантите
-->

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска призна дека нејзината политика на отворени врати кон мигрантите предизвикала бран од агресија од страна на десничарските опоненти во земјата, но подвлече дека нејзината политика за ова прашање нема да се промени,пренесоа британските медиуми.
Во интервју за неделникот „Цајт“, два дена откако десничарски и националистички настроени демонстранти ја исфиркаа во Дрезден, таа изрази аларм од драматично нараснатата агресивност во Германија во текот на минатата година.
-Конфронтацијата на социјалните медиуми сега е поостра и поширока, но тоа е демократијата, подвлече таа и додаде дека тоа нема да ги запре нејзините напори да ја објаснува својата политика пред општеството.
„Ако зборувам за некои грешки тоа е затоа што го имам предвид целиот систем на европска политика кон бегалците и мигрантите, што се спроведуваше во текот на многу години“, кажаа таа за неделникот „Цајт“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЗНАМ не се изненадени од одлуката на Цеков да ги напушти
-

Тема на денот со Ѓорѓи Тоновски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Миле Цеков ја напушти пратеничката група на ЗНАМ, ќе делува како независен пратеник
-

Драстичен скок на цената на нафтата, последиците кај нас допрва ќе следат
-

Македонија падна за три места на индексот за слобода на медиуми – состојбата е „проблематична“
-

Вандализам во ООУ “Ванчо Прќе” во Штип - наставата во прекин поради уништениот инвентар
