Меркел: Предолго ги затворавме очите пред бегалската криза

Германија и другите членки на Европската Унија предолго ги затвораа очите пред бегалската криза на своите надворешни граници, изјави синоќа германската канцеларка Ангела Меркел.
Една година по славната реченица „Ние тоа го можеме“, која го одбележа нејзиниот пристап кон мигрантската криза, канцеларката признава дека во решавањето на тоа прашање имало пропусти и во самата Германија.
- И ние Германците проблемот предолго го игнориравме, рече таа во интервјуто за денешното издание на весникот „Зидојче цајтунг“.
„Уште во 2004 и 2005 година доаѓаа многу бегалци и ние им препуштивме на Шпанија и на другите земји на надворешните граници да се занимаваат со тој проблем“, наведе таа.
Меркел, исто така, призна дека и Берлин долго бил против денеска веќе неопходните реформи во ЕУ, како и дека ја одбивал пропорционалната расподелба на бегалците, како и заштитата на надворешните граници.
- Германија после многуте бегалци кои ги прими по војните во Југославија, се радуваше што сега првенствено други се занимаваа со оваа тема. Но, тоа не може така, нагласи таа.
Канцеларката ја уверува јавноста дека Германија нема многу да се промени по интеграцијата на стотиците илјади бегалци.
- Германија ќе остане Германија, со сето она што го сакаме и цениме, заклучи таа.
Ново на Сител
-

Папата Лав XIV ги повика богатите католици од САД да продолжат со донациите
-

Јужнокорејскиот министер за надворешни работи разговараше со иранскиот колега за Ормуз
-

Русија за седум дена лансира 1.600 дронови кон Украина, значително помалку од минатата недела
-

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка
-

Двајца малолетници повредени при сообраќајка во Штип
-

Приведени пет лица за семејно насилство
-

Приведени двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот под дејство на алкохол
-

Приведено 24-годишно момче кое со нож нападнало две лица во Кичево
