Меркел: Турција има клучно значење за решавање на мигрантската криза

Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави денеска дека Турција има клучна улога во решавањето на мигрантската криза и ја повика Европа да и даде поголема поддршка, за да се справи со приливот на бегалци.
- Без сомнение Турција игра клучна улога во таа ситуација, рече Меркел во Бундестагот, Долниот дом на германскиот Парламент, изложувајќи го ставот на земјата за претстојниот денеска самит на Европската унија во Брисел.
Таа додаде дека повеќето од бегалците од воените зони, кои доаѓаат во Европа, минуваат низ Турција.
- Нема да успеам да воведам ред и да го спречам приливот на бегалци, доколку не работиме заедно со Турција, нагласи германскиот канцелар.
Меркел прецизираше дека поддршката на Анкара треба да вклучува хуманитарна помош и поддршка за обезбедување на границите и борбата против криминалните мрежи за трговија со луѓе.
Таа говореше и за другата важна тема на претстојниот самит, референдумот за останување или излегување од ЕУ во Велика Британија.
- Германија конструктивно ќе соработува со Велика Британија за реформирање на ЕУ, рече Меркел.
Таа нагласи дека некои принципи како слободното движење на луѓе и спречување на дискриминацијата не подлежат на преговори.
- Уверена сум дека ќе успееме да пронајдеме прифатлив компромис, рече таа.
Ново на Сител
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
-

Намален прометот во индустријата во јануари
-

Пролетна акција за чистење во Скопје, институциите заедно за почиста и уредена урбана средина
-

Савески изгласан за нов државен јавен обвинител
-

Татко крадел пари од црква додека со него било неговото малолетно дете
-

Валандовец украл автомобил и го управувал без возачка
