Свет
6. October 2016 - 12:54

Меркел за условите на Велика Британија „да не прави секој што сака“

Германската канцеларка Ангела Мерјел нагласи денеска дека Европската унија мора да остане цврста на ставот дека пристапот до заеднички пазар треба да биде поврзан со слободата на движење во текот на преговорите за излегување на Велика Британија од Унијата.

- Доколку не кажеме дека целосниот пристап до заедничкиот пазар е поврзан со целосното прифаќање на слободата на движење, тогаш секој во Европа ќе почне да прави што сака, нагласи Меркел на деловен собир во Меркел. 

Меркел додаде дека преговорите меѓу ЕУ и Велика Британија нема да бидат лесни и оти мора јасно да се каже каков пристап има една страна во однос на пазарот на другата.