Свет
7. July 2016 - 11:25

Меркел: Западот веќе не и верува на Русија поради Украина

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека потезите на Русија околу Украина придонеле Западот да ја загуби довербата во Русија, пренесе Танјуг.

-Доколку преку одредени зборови и дела се доведува во прашање важноста на законот и неповредливоста на границите, тогаш секако дека довербата се губи, рече Меркел

Германската канцеларка ова го изјави во германскиот Бундестаг, во пресрет на дводневниот самит на НАТО, што почнува утре во полскиот главен град Варшава.