Балкан
14. May 2016 - 11:00

Месарот кој беше уапсен на гробот на Јелена ја излажа полицијата

Месарот Никола Маријоковиќ (31), кој во средата беше приведен па пуштен, после 40. дневниот помен на убиената Јелена Марјановиќ (33), тврди дека и е другар од основно училиште, а утврдено е дека воопшто не одел во училиштето во кое одела пејачката.
 
Исто така, утврдено е дека за време на убиството тој бил на своето работно место.
 
Како што дознава српски „Ало“ од Основното уличиште „Раде Драинац“, каде завршила пејачката, нема податоци за Никола, што значи дека дал лажна изјава во полиција. Моментално останува непознато зошто Никола кажал дека Јелена и он се добри другари од основно училиште, А исто така сомнителна е и неговата друга изјава дека пејачката се дружела со неговата покојна сестра. Инаку, веднаш по приведувањето, Никола бил повикан од неговиот шеф за да провери за што станува збор. 
 
- Во разговор со инспектор дознала дека нејзиниот колега е приведен како граѓанин, поради сомнително однесување. Во исто време полицијата ги проверувала и изјавите на Никола дека кога се случило убиствотот тој бил на работа.
 
Шефот тоа го потврди, со објаснување дека не можел да излезе ниту минута, бидејќи такви се правилата, а нејзините тврдења може да ги потврдат и безбедносните камери. После ова Никола добил отказ- изјавил изворот на „Ало“.