Меси донираше 80.000 евра за обнова на опожарениот регион Мадрид

Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Меси, кој долги години играше за Барселона, донираше 80.000 евра за обнова на подрачјето Сиера Оесте во регионот Мадрид, кое беше тешко погодено од неодамнешните големи шумски пожари, објавија вечерва регионални власти.
Претседателката на регионот Мадрид, Исабел Дијаз Ајусо му се заблагодари на Меси преку социјалните мрежи, истакнувајќи оти локалното население со нетрпение очекува лично да му заблагодари за хуманиот гест.
„Лео Меси донираше 80.000 евра за обнова на западниот дел од Сиера де Мадрид. Сакам да му се заблагодарам и да кажам дека жителите на Мадрид се надеваат дека наскоро ќе го пречекаат и ќе го наградат со аплаузот што го заслужува“, напиша Ајусо на социјалната мрежа Икс.
Шумските пожари што го зафатија западниот планински дел од регионот на Мадрид во текот на изминатата недела ги принудија властите да евакуираат и да го ограничат движењето на повеќе од 55.000 жители.
Пожарот опустоши повеќе од 27.000 хектари земја, а беше ставен под контрола по еднонеделна борба со огнената стихија.
Шпанскиот весник „Марка“ објави дека Меси претходно донирал пари и на Црвениот крст за да помогне по шумските пожари што претходно оваа година зафатија и други делови на Шпанија, како и по катастрофалните поплави во регионот на Валенсија. Весникот наведе дека Меси донирал и три милиони евра на Центарот за лекување на болни од рак во каталонската болница „Сант Жоан де Деу“.
МИА
Ново на Сител
-

Гостиварци да не плаќаат за вода, предлага народниот правобранител
-

Бројката на потврдени случаи на западно-нилска треска стигна до 20
-

Жештината го нарушува и менталното здравје - сè повеќе психички тегоби за време на екстремните горештини
-

Битолчани најнедисциплинирани со електрични тротинети
-

Инфлацијата падна на двегодишен минимум
-

Индустријата бележи раст, но рударството останува најслабата алка
-

Преглед на вестите од светот
-

Пред стартот на гроздоберот, лозарите веќе стравуваат од слаба заработка
