-->
-->
Меси доживотно во Барса
-->


Фудбалскиот клуб Барселона подготвува доживотен договор за својот најдобар играч, Лионел Меси, објавија шпанските медиуми.
Минатиот месец челниците на Барселона договорија слична соработка со Андрес Иниеста, а сега сличен договор ќе му биде понуден и на најдобриот играч.
Одредени медиуми изминатите неколку месеци под знак прашалник ја ставаа иднината на Меси во Барселона.
Сепак, челниците на „блауграна“ немаат намера да им се повтори случајот со Нејмар, односно Меси за голема сума пари да замине во некој друг клуб. Поради тоа Аргентинецот ќе добие доживотен договор.
Инаку, Меси во текот на кариерата неколкупати повторувал дека негова голема желба е кариерата да ја заврши во клубот од детството, Њуелс олд бојс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
