Живот
3. September 2019 - 14:54

Метален остров среде Каспиското Море: Тука Советите тестирале моќно оружје, а имало и луксузен хотел

Некогашното советско место за тестирање на оружје во Карипското море денеска е напуштено.

Снимката од дрон покажа како изгледа напуштената фабрика Дагдизел во Дагестан каде некогаш работеле инженери кои развивале торпеда и друго оружје за морнарица.

 

Тоа е бетонско - метална конструкција од 5.200 квадрати, а се наоѓа на 2,7 километри од брегот.

Во рамки на фабриката имало и хотел со библиотека и кошаркарски терен.
Дагдизел, изграден во 1939 година и официјално затворен во 1966 година, е комплекс од 3 ката со контролна кула.

дури и за тоа време, предничел со комфорт, па во некои од просториите имало и паркет.

Меѓутоа, локацијата зјае празна повеќе од 50 години, а личи на импресивен метален остров кој сега ги привлекува авантуристите во потрага за добра фотографија.