-->
-->
„Металика“ најави нов албум по осум години пауза
-->
Познатата хеви метал група „Металика“ објави дека по осумгодишна пауза, ќе издаде нов албум.
Албумот наречен „Hardwired... To Self-Destruct“, кој ќе има 80 минути музика, ќе се најде во продоажба на 18 ноември.
Ова ќе биде 11-ти студиски албум на „Металика“, кој следи по „Death Magnetic“ објавен во 2008 година.
- Навистина постои! Знаеме дека долго го подготвуваме, но сега со гордост го претставуваме „Hardwired... To Self-Destruct“, долгоочекуваниот нов студиски албум на „Металка“, објави бендот на својот профил на Фејсбук.
Според најавите, овој албум претставува „следна фаза во патувањето“ на „Металика“.
Легендарниот хеви метал бенд е формиран во 1981 година во Лос Анџелес и досега има продадено десетици милиони носачи на звук.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Негативен природен прираст на истокот
-
Затворен атмосферски канал во Прилеп со поставување на цевки и со подготовки за урбанизација
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Извлечено четвртото тело од Вардар, наредена обдукција
-
Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет
-
Спречен организиран криминал со половни возила, поднесени 24 кривични пријави
-
ОЈО Битола ќе истражува за мртвата мечка - Сашо Данго нема дозвола за оружје