-->
-->
Металург кај Горење, а Вардар гостува кај Загреб
-->
Македонските претставници во регионалната ракометна СЕХА лига, Вардар и Металург денеска ќе ги одиграат натпреварите од 15.коло. Двата македонски тима играат на гостински терен.
Тимот на Металург во Словенија од 17 часот у 45 минути ќе го започне дуелот против Горење Велење.
„Горење има искусен состав со неколку квалитетни млади. Тие се фаворити во овој дуел. Сепак, нашата цел е да докажеме дека може да играме добро против секој противник. Горење не победи на првиот натпревар во Скопје и се разбира дека сега ќе се обидеме да им се реваншираме, изјави тренерот на Металург, Александар Јовиќ.
Металург е на седмата позиција со 16 бода, па шансите за пласман на Фајнал-форот, се само теорија. Затоа пак Горење кој со 21 бод е на 5.место ќе се бори за влез во големата четворка која ќе игра во завршницата.
Во дербито, актуелниот шампион на СЕХА лигата, Вардар му гостуваат на ППД Загреб во меч кој ќе се игра во терминот од 20 часот и 30 минути.
Иако двете екипи веќе имаат обезбедено пласман на завршниот Фајнал-фор турнир, сепак двата тима сигурно ќе атакуваат на победа. Вардарци се убедливо први со 40 бода, додека Загреб на второто место заостанува за девет бода (31). Хрватскиот шампион ќе се обиде да му го нанесе првиот пораз сезонава на Вардар во регионалната лига во која црвено-црните имаат 13 победи и само едно реми.
Покрај овие два натпревари, денеска се игра дуелот меѓу Мешков Брест и Војводина (18 часот).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар