Метеоролог открива: Ова е причината за смртта на Ивана и Анџела!
Метеорологот Часлав Станојевиќ вели дека треба да се покрене полициска истрага како можело да се случи на улица во град да загинат две девојчиња од удар на гром и дали спортската сала, каде што се случило, имала исправен громобран.
- Ако на зградата, во чија близина се случила несреќата, имала прописни и исправни громобрани тоа не би се случило. Несреќата би била поголема ако во ист момент од салата излегле повеќе луѓе и громот да удрил во нив, смета Станојевиќ, кој работел на неколку вештачења од удари на гром.
Тој додава дека поради тоа треба да се спроведе полициска истрага против Н.Н. лица, затоа што, како што вели, недозволиво е во град од гром да страдаат луѓе.
Тој советува во случај на грмење луѓето во себе да не држат метални предмети или вклучени апарати како што се мобилни телефони, радио апарати, потоа да не стојат под дрва или доколку се наоѓаат во автомобил да се затворат прозорите.
Петнаесетгодишната А.Б. и нејзината другарка И.И. настрадале пред два дена од удар на гром во Алексовац во близина на спортската сала.
Ново на Сител
-
Студентите бараат дигитализација во јавните универзитети
-
Наместо оброк, Министеството за одбрана ќе им исплаќа надомест за храна на војниците
-
РЕК Битола не работи – трите блока надвор од мрежа
-
По ДСЗИ, од вчера случајот со смртта на 14 месечното бебе го истражува стручната комисија
-
Мајката и малолетната ќерка во тетовско Слатино починале од труење
-
Филипче: Мицкоски има обврски да информира за ЕУ во Собранието
-
Филков: Правосудниот систем мора да се реформира, дебатите стартуваат следниот месец
-
ДКСК: Синот на Мицкоски во САД бил на своја сметка, не е прекршен законот