-->
-->
МФ врати 25 милиони евра во стопанството
-->
Министерството за финансии неделава врати 24,5 милиони евра ликвидни средства во стопанството. На денешната аукција на државни хартии од вредност Министерството за финансии запиша 569 милиони денари или 9,26 милиони евра, додека неделава по основ на доспеани за враќање во стопанството ќе се вратат 2,075 милијарди денари или 33,75 милиони евра.
Министерството вчера исплати 950 милиони денари, додека утре ќе исплати 1,12 милијарди денари.
Од Министерството за финансии посочуваат дека со ова се намалува нето задолженоста на земјата по основ на издадени државни хартии од вредност. Исто така се ослободуваат средства кои понатаму банките можат да ги пласираат како кредити во стопанството со што се подобрува ликвидноста.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов
-
За една недела 4 починати од Ковид – Вакцини се уште нема
-
Пратениците го одобрија унгарскиот заем од половина милијарда евра
-
Наим Рамука сменет од началничкото место поради пропуштањето на возилата на Гаши на „Блаце“
-
„Балансерот" за вработување пред Уставен суд
-
Бугарското МНР во одбрана на амбасадорот Радуков
-
Откажана утрешната средба на историската комисија со Бугарија
-
Различни мислења за есенската кошница: Замрзнување на цените или зголемување на производството?