-->
-->
Мицески: ВМРО-ДПМНЕ ги достави предлозите за комисиите - проблемот е кај мнозинството
-->
ВМРО-ДПМНЕ веќе ги достави предлозите за составот на новите собраниски комисии. Координаторот на пратеничката група на опозицијата Никола Мицески денеска вели дека одговорите зошто се уште не се формираат собраниските тела и зошто Собранието останува блокирано треба да се бараат кај мнозинството.
„Ние го завршивме нашиот дел. Зошто не се свикува седница знае власта. Веројатно има неусогласеност поради што не може да се постигне договор“, вели Мицески.
Собранието се конституираше пред повеќе од еден месец, а Владата е изгласана пред десетина дена, но до овој момент Македонија се уште нема функционално Собрание.
Од СДСМ минатата недека најавија дека комисиите ќе се формираат во текот на оваа седмица.
Александар Спасовски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
