Мицевски: Ќе бараме отчет од Владата за трошењата во кризна состојба, нема да присуствуваме на собраниските координации
– Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со активната блокада во Собранието, но нема да ги кочи законите кои се во интерес на граѓаните, а нејзиниот координар или пак друг претставник на опозициската партија нема да присуствува на координациите со претседателот на Собранието Талат Џафери, изјави денеска за МИА координаторот на оваа пратеничка група Никола Мицевски. Опозицијата во Собранието ќе бара информации за трошењето на парите од страна на институциите поврзано со кризната состојба.
Мицевски не присуствуваше ниту на денешната прва координација со Џафери и колегите од другите пратенички групи по колективниот одмор, а неприсуството го образложи со обвинување дека претседателот на Собранието не се придржувал до она што било договорено и ги менувал одлуките врз основа на договорите со претставници од владејачкото мнозинството.
– Не гледаме причини да одиме. Она што се договараме понеделнички на координација веќе во вторник не важи, вели Мицевски.
Пред годишните одмори на брифинг со новинарите, потенцира тој, Џафери рече дека Парламентот завршува со работа на 28 август и после уцената од Алтернатива на 29 август Собранието работеше. На седницата откако ВМРО-ДПМНЕ замина од салата немаа доволен број пратеници за да го изгласаат она што го доворија со Алтернатива, додаде Мицевски наведувајќи дека има многу такви причини зошто опозицијата да не оди на координации.
На прашањето како ќе се договараат за работата и функционирањето на Собранието и дали имаат неформални средби со Џафери, Мицевски рече дека за тоа ќе се договараат претседателите на комисиите и пратениците, кои редовно се информираат меѓусебно.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ очекува дека ќе продолжи седницата за уставните судии, а најави и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе бара информации за прогласување на кризните состојби, како и извештаи за тоа што е потрошено од страна на институциите. Мицевски рече дека ќе реагираат за сите штетни закони кои овозможуваат можност за договори во четири очи.
Ново на Сител
-

Расте цената на нафтата на светските пазари, неизвесно дали ќе поскапат горивата во земјава
-

Тетовчанец под дејство на алкохол приведен откако со возило удрил три малолетници
-

Двајца возачи под дејство на алкохол предизвикале сообраќајни несреќи со смртни последици и тешки телесни повреди
-

Николоски: Македонија меѓу првите земји со технологија на „Старлинк“, со што третиот мобилен оператор ќе биде поконкурентен
-

Масовни протести во Франција: Речиси 1.000 приведени, судири со полицијата и стотици илјади демонстранти
-

Србија гласа на 15-тите парламентарни избори, излезноста до 9 часот изнесува 12 отсто
-

Волкановски го нокаутира непоразениот Евлоев и испиша историја во UFC
-

Мелони: Правото на протест мора секогаш да биде загарантирано, како и безбедноста на граѓаните
