Мицевски: СДСМ денеска наместо на страната на правдата застана во одбрана на криминалот и рекетот
Денес на очиглед на целата македонска јавност власта ја спаси осомничената Катица Јанева од разрешување.
На денешниот предлог од страна на ВМРО-ДПМНЕ, да се стави на дневен ред како прва точка, разрешувањето на осомничената специјалната обвинителка Катица Јанева, парламентарното мнозинство предводено од СДСМ го одби овој наш предлог, со што се стави на страната на заштита на Јанева.
Ова покажува дека нашите сомневања за координација и синхронизација помеѓу Катица Јанева, Владата на Зоран Заев, обвинителката Вилма Рускоска и државниот јавен обвинител Љубомир Јовески се дел од планот за спас на Катица Јанева и високи функционери од државниот врв.
Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ денеска наместо на страната на правдата застана во одбрана на криминалот и рекетот.
Дали заштитата на Катица Јанева од страна на СДСМ и Зоран Заев е индиректно заштита на високи функционери на власта кои што учествувале во оваа најголема досега криминална афера со оглед на тоа дека Катица Јанева има информации кои што ќе ја докаже вмешаноста на државниот врв во аферата „Рекет“.
Со гласањето против да се стави точката за разрешување на Катица Јанева на дневен ред падна маската на СДСМ дека се за правда и дека законите важат за сите подеднакво. Денес, покажаа и уште подлабко го поткопаа правниот систем на Република Македонија и дека единствено што ги интересира е како да се амнестираат за сопствените криминали.
За да запре ова самоволие и уништување на правната држава од страна на Зоран Заев и СДСМ, го повикуваме господинот Талат Џафери, денес да закаже итна седница на која што единствена точка на дневен ред ќе биде разрешувањето на специјалната обвинителка Катица Јанева со оглед на тоа дека оваа точка веќе помина со едногласна одлука за разрешување на Комисијата за прашања за изборите и именувањата.
Ново на Сител
-

СДСМ на централен одбор расправа за пратеничката Славјанка Петровска
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Еврокомесарката Кос во посета на Скопје
-

Левица ќе се обиде да ги собере опозициските партии за Изборниот законик
-

Уставен нема мнозинство да одлучува по иницијативата на Левица - предметот останува отворен
-

Бугарија бара да не се следи дали ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права
-

Следната недела маркетите на средба во Владата - ќе се бараат причините за зголемените профитни маржи
-

Европска трка по бакар и критични минерали: Каде е Македонија?

