Мицкоски: Ако власта сака македонскиот Устав да биде како хрватскиот, уште утре да ја отпочнеме процедурата
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на новинарско прашање како ги коментирате тезите на СДС и ДУИ дека уставните измени би можеле да се направат по примерот на Хрватска каде во Уставот има широко набројување на етничките заедници рече дека ако тоа е формулата за успех таква уставна измена ВМРО-ДПМНЕ одма ќе прифати.
- Па не знам дали се сигурни дека сакаат да биде според преамбулата во Хрватскиот Устав, еве јас сум подготвен ако е тоа формулата за успех уште утре да ја отпочнеме процедурата, да биде Македонија држава на еден народ и на малцинствата во нејзе, еве ако сакаат уште утре да ја отвориме преамбулата на Македонскиот Устав и да го направиме тоа според хрватскиот терк само да не се каат после тоа, да не речат некои други етнички заедници, па да речат, а не било баш така како што они кажуваат. Инаку ако сакаат еве според преамбулата во Хрватскиот Устав веднаш, не знам дали ја прочитале, не знам дали виделе или така на памет само си кажуваат, но еве ние како ВМРО-ДПМНЕ одма прифаќаме, таква уставна измена прифаќаме, кажа Мицкоски.
Ново на Сител
-

Во Владата состанок за реформската агенда
-

Двајца загинати и еден тешко повреден во тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп - Градско
-

Приведен маж кој демнел и се заканувал на сопругата со која се во бракоразводна постапка
-

21-годишен мотоциклист тешко повреден откако удрил во карпа
-

Прегазена 52-годишна жена од Скопје
-

Британскиот министер за Северна Ирска, Хилари Бен, тврди дека немирите во Белфаст се расистичко насилство
-

Преземени мерки за справување со пожарите, воздухопловите и возилата сервисирани навреме, вели Мицкоски
-

Останува проекцијата за економски раст од над 3,5 проценти, десетици заинтересирани компании за дата центри
