Македонија
28. December 2021 - 14:13

Мицкоски делеше новогодишни пакетчиња во Ѓорче Петров и Гази Баба

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, пратеникот Бојан Стојаноски и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска, им подели новогодишни пакетчиња на дечиња во општините Ѓорче Петров и Гази Баба.

-Денес во Ѓорче Петров. Моментите на среќа на најмладите се бесценети. Мали, но сепак големи. Да споделуваме грижа и љубов, да обезбедуваме иднина. Тие тоа го заслужуваат, напиша Мицкоски, при посетата на Ѓорче Петров,

Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски, поделија пакетчиња и во Гази Баба.

-Во скопска Гази Баба со најмладите генерации. За Нова година, за радост и среќа, и нов почеток, напиша Мицкоски.