Македонија
17. January 2022 - 21:56

Мицкоски: Димитров е во некоја чудна емотивна состојба, но не исклучувам можност за средба

Не сум се сретнал со Димитров, но доколку мислам дека може да каже нешто што би било корисно за подобра иднина на граѓаните, тогаш зошто да не, одговори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дали би се сретнал со поранешниот министер за надворешни работи и поранешен вицепремиер, Никола Димитров.

Според Мицкоски, Димитров моментално е во чудна и емотивна состојба.

-Не мислам дека во моментов. Мислам дека тој е во чудна емотивна состојба и нека пројде овој период, па после тоа. Сепак, не исклучувам разговор со никого, потенцира Мицкоски.