Мицкоски: Додека сите се вакцинираат ние молиме за донации
Од мојот краток престој во Унгарија можев да видам дека главниот предизвик на младите е како да ги усовршат системите за вештачка интелигенција и нивната примена во секојдневниот живот. Оваа 2021 година очекуваат економски бум, поголем од сите години претходно. Се зборува за новиот пакет од 5.18 милијарди долари евтини кредити кои ќе бидат на располагање на домашните бизниси како директна помош за економијата. Годината што измина економијата растеше со 4.9%, додека нашата е во рецесија.
Денес сум во Љубљана, Словенија, доцна попладне ќе имам средба со премиерот Јанез Јанша. Земјата оваа година се подготвува за овогодинешното претседателство на ЕУ. Дискусиите се за водењето на зелените политики. Во здравството, Владата на Словенија очекува до почеток на летото 70 проценти од вкупното население да биде вакцинирано против ковид вирусот.
Словенија нарача 3.227.948 дози на вакцини.
Светот оди напред со големи чекори!
А кај нас главно е тоа што нема вакцини, освен оние кои се добиени како донација, што е премала количина за вистинските потреби.
На пациентка ѝ се извадени човечки органи, а сѐ уште не станува збор за одговорност на било кој.
Полицијата ги казнува оние што чествуваат Водици, а ги остава вистинските криминалци да дивеат по улиците.
Важно, најавен е нов петти пакет на мерки, откако претходните четири немаа никаков реален ефект во економијата, освен намената поради која е и овој нов пакет, а тоа е поткупот.
Заглавени помеѓу тендерите на власта за приватни џебови, мафијашкиот попис и продажбата на идентитетот, додека земјава стои во слепите сокачиња на патот кон ЕУ, граѓаните губат уште една важна година од своите животи во чекање додека светот оди напред.
Затоа кажувам: Доста е! Мора да се стави крај на политичарите криминалци и на неспособноста.
Иднината е наша и ќе се бориме за неа! За овие и сите идни генерации.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест