Мицкоски: Долго време бевме заложници на минатото, да се фокусираме на иднината
Долго време регионот и Македонија како држава беа заложници на минатото. Потребно е да се фокусираме на иднината и она кое што следи со иднината. Да ја направиме Македонија повторно горда, но и да го направиме Балканот повторно горд. Да бидеме добри соседи, да се разбираме и да соработуваме. Тоа е она кое што го очекуваат граѓаните од нас, и тоа е она на кое што јас како претседател на Владата ќе бидам фокусиран во годините кои што следат, изјави премиерот Христијан Мицкоски од Вашингтон.
Мицкоски, кој во Вашингтон присуствува на НАТО Самитот по повод 75 години од формирање на Алијансата, информираше дека денеска разговарал со црногорскиот премиер, хрватскиот претседател, унгарскиот премиер, а ја издвои и средбата со соседите, бугарскиот и албанскиот премиер.
-Македонската делегација ја предводам јас и можам да кажам дека поминавме еден навистина динамичен ден, исполнет со многу состаноци и средби кои што ги имавме на маргините на НАТО Самитот. Денеска разговаравме со црногорскиот премиер, зборувавме со хрватскиот претседател, унгарскиот премиер, нормално тука би ги издвои и состаноците и средбите со италијанската премиерка Мелони, со шпанскиот премиер Санчез кој што беше заедно со мене, би рекол до мене на вечерата која што ја организираше претседателот на САД Бајден, неговата сопруга Џил Бајден, рече Мицкоски.
Меѓу другото, како што рече, пораката која што ја испратил е дека „помина времето на свиткани кичми, на корумпирани политичари и политичари кои што се подготвени од името да ја заштитат својата корупција и криминал и да направат буквално се“.
-Втората порака која што ја испратив е дека помина времето на свиткани кичми, помина времето на корумпирани политичари кои што доаѓаат од Македонија и политичари кои што се подготвени од името да ја заштитат својата корупција и криминал и да направат буквално се. Да потпишат се, да го прифатат секое понижување кое ќе им биде понудено на маса само да го заштитат својот криминал. Тоа време е веќе историја и минато. Мораме да зборуваме како вистински партнери, да зборуваме како соседи, бидејќи партнерството и добрососедството е двонасочна улица и ние сакаме тоа да го негуваме и само така да го гледаме, додаде Мицкоски.
Потенцираше дека ќе дадат се од себе да го повратат загубеното достоинство.
-Уште еднаш би сакал да ви посакам едно големо Македонијо ве сакаме и бидете горди бидејќи навистина даваме се од себе да го повратиме она изгубено достоинство кое што изминатите 7 години, за жал го немавме, не се само овде во Вашингтон, туку насекаде во Светот бидејќи не претставуваа политичари, кои за среќа на граѓаните се сега веќе минато.
Ново на Сител
-
Уапсен Илир Мета, поранешен претседател на Албанија и лидер на Партијата на слободата
-
Министерот Трипуновски потпиша договор со Управата за хидрометеоролошки работи за користење на финансиска поддршка од 1.000.000 денари
-
Околу двесте лица вакцинирани од утрото во поликлиника „Бит Пазар“
-
Трамп за Волстрит Журнал: На Путин му реков дека ќе го гаѓам центарот на Москва доколку ја нападне Украина
-
Неизвесен за натпреварот со Порто - Борозан нападнат од кучиња скитници
-
Уапсени две лица барани од Интерпол-Австрија и Интерпол–Словачка
-
Намалување на цените на горивата
-
Царинските службеници запленија техничка стока, цигари, електронски цигари, лековити билки