Мицкоски и Филипче утре на средба во Владата
Премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче утре во 14 часот ќе имаат средба во Владата.
-Согласно јавната комуникација и упатените иницијативи и демонстрираната подготвеност од двете страни, за утре во 14 часот е закажана средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на СДСМ, Венко Филипче, посочуваат од Владата.
Во изјава за медиумите во Штип, Мицкоски искажа подготвеност за средба со Филипче, кој денеска повика на политички и општествен дијалог.
Филипче на прес-конференција рече дека по трагедијата во Кочани граѓаните реагираа со револт и бес, системот не функционира како што треба, а за тоа вина, како што посочи, имаат сите политички партии. Областите каде што треба системски пристап, според Филипче се - образование, здравство, правосудство, животна средина, партизација и политизација.
Премиерот Мицкоски, пак, кажа дека ова е сериозна тема за која се разговара. - Доколку има план како што најавија, подготвен сум да го примам на средба пртседателот на СДСМ да го образложи планот, да го слушнеме планот бидејќи се сериозни времиња, јас сум сериозен човек, сериозни работи се во прашање и најмалку што треба да се прави е естрада на јавна сцена. Доколку навистина има план и желба да помогне стојам на располагање во секое време ќе го прераспределам мојот распоред, на полноќ на полноќ, после полноќ, кога ќе каже тогаш да го сослушам неговиот план и да видиме дали во тој план може нешто да се реши. Но, доколку планот опфаќа пристап „Стабри“, како што беше во минатото за време на короната тогаш такви планови не можам да прифатам, изјави Мицкоски.
Ново на Сител
-
Пронајдено залутано лице кај Мрежичко на Кожуф
-
Одземени десет возила поради предизвикување голема бучава и диви трки во Скопје | ФОТО
-
Изграден нов дел од продолжувањето на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово
-
Два случаи на семејно насилство пријавени во Скопје
-
Никој нема да биде поштеден и за Ласкарци и за Беса Транс и за модуларната болница во Тетово, порача Мицкоски
-
МЗ: Пациент испишан од Љубљана, во странство остануваат да се лекуваат 68 лица
-
Со возило „Опел“ удрен 50-годишник на велосипед од Прилеп
-
Платата на просветните работници со раст од седум отсто, најави Мицкоски