Македонија
18. February 2022 - 12:25

Мицкоски и Касами на средба во Тетово

Опозицискиот лидер Мицкоски и лидерот на БЕСА, а истовремено и градоначалник на Тетово Билал Касами од утрово се на состанок во општинската зграда. Средбата на двата опозициски лидери доаѓа по значителното приближување на позициите меѓу двете партии и е прва официјална средба по напуштањето на БЕСА на владеачката коалиција.

Двете партии веќе функционираат како коалиција на локално ниво и очекувањата се дека во периодот кој следи ќе ја продлабочуваат соработката. По завршувањето на средбата најавени се изјави за медиумите и оваа тема се следи деталите во вестите во 16 часот.