Мицкоски: Има политичка волја за правосуден и на други јазици
Владата има политичка волја со измени во Законот за употреба на јазиците за да овозможи полагање на правосудниот испит и на други јазици освен на македонски. Премиерот демонстрираше подготвеност за законски измени откако Министерот за правда Филков и вицепремиерот Сали јавно разменија жешки реплики.
Мицкоски вели дека на Македонија и требаат правници а не национал романтичари испраќајќи порака дека е крајно време ваквите теми да се надминат.
Сличен став дели и опозицискиот лидер само што тој ја обвинува владата дека правела поделби.
Острите реплики внатре во владината коалиција почнаа кога вицепремиерот Сали во телевизиско интервју даде поддршка на барањето на студентите од албанска националност да им се овозможи да полагаат правосуден испит на албански јазик, по што министерот за правда преку долг пост на социјалните мрежи му врати дека Уставот не може да се толкува според дневно политичките потреби коментирајќи дека Сали како стомоатолог не треба да го толкува правото.
Премиерот Мицкоски вели дека ја следи дебатата и дека таа е здрава работа, но на двајцата министри и порача дека нивната, од денеска е завршена.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
