Мицкоски: Има уште 12 дена за помалите партии кои што се дел од коалицијата да се произнесат за една изборна единица
„Јас сум за еднаквост, јас сум за држава во која што сите граѓани без разлика на нивната етничка и верска припадност ќе бидат еднакви. И затоа не гледам пречка за да се одважат политичарите во Македонија и да изгласаат една изборна единица во парламентот. Гласот секаде подеднакво да тежи. Да тежи подеднакво и во Тетово, и во Гостивар, и во Струмица, и во Гевгелија, и во Битола и Прилеп, и во Куманово. Зошто тоа да не го направиме сите заедно? Зошто да создаваме политичка тензија. Јас сум за еднаквост и кога аплицираме на работните места, кога аплицираме на универзитетите, секаде сум за еднаквост. Подеднакви права сите граѓани да имаат. Зошто некој граѓани да се чувствуваат деградирани затоа што припаѓаат на некаква квота или некакви проценти. И затоа не ја гледам потребата од Бадинтер и балансер. Ајде да градиме општество во кое што ќе се темели нашиот напредок врз основа на нашето знаење, компетенции, нашите вештини“,истакна, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски при посета на општина Илинден во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“.
Мицкоски запраша зошто мора да се гради општество во кое што некој ќе се чувствува подреден ви за ви друг со тоа што припаѓа на некаква квота или некаков процент.
„Ајде нека се охрабрат и да разговараме за квалитет, само така може Македонија да оди напред“, нагласи Мицкоски.
Мицкоски запрашан во врска со една изборна единица истече оној рок кој што го дадоа малите партии, дали имал контакти со нив со оглед на тоа што практично од нив зависи и мнозинството на Владата во Собранието одговори дека до крајот на април има уште 12-тина дена, со што уште им се остава толку простор за да се произнесат помалите партии од коалицијата.
„Одговор на Вашето прашање ќе го дадам во два дела – во првиот дел они рекоа април, значи има уште 12-тина дена до истекот на овој месец април. Така што еве да им оставиме простор уште 12 дена на помалите партии кои што се дел од коалицијата да се произнесат. Е сега оној дел кој што го очекувам, ако мислите дека ќе ги напуштат привилегиите и можноста дополнително да го пљачкаат народот од овие политичари кои што тоа го прават можеби 30-тина години навистина не сум оптимист“, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-
МОН го стокми новиот предлог-закон за учебници во основно и средно образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Први пратенички прашања на новиот парламентарен состав
-
Собранието е подготвено за уставни измени, но нема да го почне процесот без политички договор
-
МВР поднесе кривична пријава за екс министерката Бисера Костадиновска Стојчевска
-
Подготвен нов закон - издавачките куќи ќе бидат одговорни за печатење и достава на учебници
-
Преглед на вестите од светот
-
Трет ден „Депонијада“ во Кочани