Македонија
25. August 2022 - 19:55

Мицкоски: Изворот на проблемот со Бугарија е договорот кој владата на Заев го потпиша со Борисов

Во своето гостување во Тема на денот на Сител ТВ, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кажа дека изворот на проблемот со Бугарија е договорот кој владата на поранешниот премиер Заев го потпиша со Борисов.

„Ние треба да го локализираме изворот на проблемот, а ова е токму тоа договорот кој што го има Република Македонија потпишано со Република Бугарија, тој август месец 2017-тата година. Од тој договор практично потекнуваат сите проблеми, бидејќи ние и тогаш реагиравме како политичка партија и како луѓе дека е избрзан и дека тој договор практично не е решение, туку напротив ќе претставува проблем што потоа низ годините се виде дека е проблем“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски додаде дека треба да се локализира изворот на проблемот.

„И има поедини размислувања во јавноста околу тоа дали ќе има промена на Уставот или ќе нема, еве и Пендаровски тоа го констатира конечно тоа што јас го најавив, а тоа е дека во моментот под овие околности ВМРО-ДПМНЕ нема да даде поддршка на промена на Уставот, а со цел вклучување на дел од бугарскиот народ во Преамбулата“, нагласи Мицкоски.