Мицкоски ќе присуствува на доделување на станови на социјално ранливите семејства во Општина Велес

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на доделување на клучеви од новата зграда наменета за социјално ранливите семејства во Општина Велес (Блок 40-Локалитет 1ГП 2.1).
Како што информираат од владината прес-служба, објектот е со приземје и пет ката, со 29 станбени единици и вкупно изградена површина од 1.843 метри квадратни.
Површината на становите е со површина од 39 м2 до 45 м2, а вкупната инвестиција на објектот изнесува 53.998.717,00 денари без ДДВ.
Во Општина Велес денеска ќе се пушти во употреба и реконструираниот спортски терен.
- Вредноста на проектот е во висина од 23.998.148,70 денари, а средствата се обезбедени од Министерството за спорт. Вкупната површина е 1849м2, односно плоштад 317м2, фитнес терен 95м2, спортско игралиште 1320м2, игралиште за деца 96м2 и пинг понг маса 21м2, се наведува во соопштението од владината прес-служба.
Ново на Сител
-

Се прават последните подготовки за Бадник и Божиќ
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Дејан Пројковски
-

Мадуро утре ќе се појави пред американскиот суд
-

Мицкоски: На Бугарија и пречи македонскиот јазик во акцискиот план за малцинствата
-

Жестоки мерки за маркетите кои не го почитуваат Законот за нефер трговски практики, најави Мицкоски
-

Мицкоски за Усје: Не можеме на никого да му влеземе дома и да му кажеме да ја пресели куќата
-

Дежурните служби во Скопје полни со болни пациенти
