Мицкоски: Ќе зборуваме за иднината, после изборите доаѓа ново парламентарно мнозинство од млади, амбициозни луѓе
Христијан Мицковски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во Дневникот на Сител рече дека ќе биде кампања на која ќе зборуваат за иднината и за проекти.
-Ќе зборуваме за нови луѓе, млади, храбри, амбициозни, луѓе коишто сакаат да победуваат и ќе победат на овие локални избори. И тие практично ќе ја најават новата политичка реалност во Македонија која што ќе се случи веднаш по овие локални избори, а тоа е нова Влада, ново парламентарно мнозинство и нормално, нова иднина којашто ќе биде многу поразлична од ова денешно мачно, тешко мочуриште коешто е наше секојдневние, рече Мицкоски.
Според него, власта на изборите нуди неморал, апатија, криминал, корупција и безидејност.
Рече дека во програмата на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од 14.000 проекти.
-Во програмата има повеќе од 100-тина нови училишта, градинки, паркови, се разбира, гасификација, нешто за што јас се чувстувам компететен, лично проект кој е моја амбиција и ценам дека е потребно да се реализира за поздрава животна средина, за почист воздух, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
-

2,1 милион евра за изведувачите за прославата за независноста - индивидуалните хонорари тајна
-

Бугарија е против квалификувано мнозинство во ЕУ
-

Ристоска ја тужи ВМРО-ДПМНЕ за клевета и навреда
