Мицкоски: Коалицијата со Алијанса за Албанците и Алтернатива е историски чекор

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при посетата во Берово, одговарајќи на новинарско прашање за соработката со Алијанса за Албанците и Алтернатива истакна дека тоа е еден историски чекор, и за ВМРО-ДПМНЕ но и за Македонија.
- Направивме коалиција уште пред првиот круг на локалните избори во определени градови, ќе се подржуваме во определени општини, ќе се подржуваме на ниво на кандидати за градоначалници. Договорено е таму каде што коалицијата Алтернатива-Алијанса ќе има кандидат, ВМРО-ДПМНЕ да не кандидира и обратно таму каде што ќе има ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата Алијанса-Алтернатива да не кандидира, се разбира во тие општини каде таа соработка е договорена, рече Мицкоски.
Тој посочи дека ова е коалиција која ќе ги победи поделбите, криминалот и корупцијата и ќе покаже дека Македонија има можности со политичари кои се надвор од матрицата на СДСМ и ДУИ.
- Очекувам оваа коалиција да ги победи поделбите, безнадежноста, криминалот, корупцијата, безидејноста, неспособноста, немањето визија и стратегија за развој на Македонија, историски момент за сите граѓани без разлика на етничката припадност, да покажеме дека навистина Македонија има можности и со други политичари кои што се надвор од матрицата на СДСМ и ДУИ и дека може поинаку и дека не треба да се губи надежта и дека најдобрите времиња допрва доаѓаат, нагласи Мицкоски.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ
-

Одрони на патиштата на истокот, „Македонија пат“ 24 часа на терен
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
-

Ординациите на матичните лекари полни со болни од грип
