Мицкоски: Македонија се најде на врвот по смртност од Ковид-19 на 100.000 жители во период од седум дена
Македонија трета во светот по бројот на починати од Ковид 19 на 100.000 жители. Вака ли избегнавме италијанско сценарио како што се фалат Заев и Филипче? Македонија се најде на врвот по смртност од КОВИД-19 на 100.000 жители во период од седум дена. Речиси двојно полоши од Бразил која е топ тема во светските медиуми за смртните случаи и четири пати полоши од Србија и Европската Унија, напиша на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицксоки.
„Тоа го потврди и реномираниот „Financial Times“ чија анализа за стапката на смртност во последниве седум дена, Македонија има 2 смртни случаи на 100.000 жители, додека Србија има 0.55, а земјите од Европската Унија 0,5.
Вашата неспособност чини животи, едноставно колку побрзо си одите, толку повеќе животи ќе се спасат.“, напиша Мицксоки.
>
Ново на Сител
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови