Мицкоски: Македонските граѓани се разочарани од ЕУ, но останува наша стратешка цел

Постојат големи фрустрации и разочарувања кај македонските граѓани од Европската Унија, но тоа останува наша стратешка цел бидејќи подобро во моментов, за нас како држава, не постои, изјави премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција.
На новинарско прашање каде државава ја гледа економската перспектива во новиот глобален свет и во ситуација во која е блокирана за влез во ЕУ, Мицкоски одговори дека „како малобројна држава ќе си го бараме својот интерес“ и дека „нашата стратешка определба е да бидеме посветен член на НАТО Алијансата“ каде што, рече, прилично сме посветени со нашата активна улога.
-Остануваме посветени да работиме, да ги решаваме домашните задачи, реформи, економија – тоа е она на кое оваа Влада останува да биде посветена. Во меѓународната политиката има непишано правило дека големите прават тоа што можат, а малите тоа што мораат. Ќе ги следиме и од блиску, внимателно, и ќе се обидеме да антиципираме следни чекори од развојот на настаните на глобално ниво. Имаме свои конекции и во Вашингтон, и во Брисел, и насекаде онаму каде што е потребно. Добиваме информации, анализираме и повлекуваме потези и сите тие се исклучиво водени од една цел – интересот на македонските граѓани, рече Мицкоски на прес-конференцијата
Ново на Сител
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
