Мицкоски: Можеме да прифатиме и гласање преку пошта, наша цел е да обезбедиме побројно гласање на дијаспората

Премиерот Христијан Мицкоски денеска нагласи дека ним како Влада им е важно без разлика за кои избори станува збор, тие да бидат организирани кредибилно, како што биле локалните, по, како што рече скандинавски модел, но додаде и дека е мошне битно да и се овозможи да дијаспората да учествува во тие процеси, напоменувајќи дека денеска во 14 часот повторно ќе има состанок во Парламентот за да најде модалитет на гласање на дијаспората.
Мицкоски денеска по поставување камен темелник на изградба на затворен базен во ООУ „Ацо Шопов“, во Општина Бутел на прашањето дали можеби ќе се разговара за друг начин на гласање на дијаспората освен електронското, кое го спори опозицијата, истакна дека прифатлив е и модалитет на гласање преку пошта, за кој има десетици примери и во Европа и во светот, а се со цел, како што рече, да се обезбеди побројно гласање на нашата дијаспора.
-Факт е дека Левица и СДСМ заедно во коалиција не сакаат да дозволат дијаспората да гласа со помош на електронско гласање. Она коешто вчера го понудив, а денеска ќе се случи во 14 часот, е повторно состанок во рамките на Парламентот, да најдеме решение. Можеме преку пошта, имаме такви десетици примери и во Европа и во светот. Еве и тоа ќе го прифатиме, само да обезбедиме побројно гласање на нашата дијаспора, бидејќи дијаспората нам ни е многу важна од проста причина што дознаките коишто ги испраќа дијаспората во својата татковина се огромни. Ние пледираме како Влада, имаме амбиција, дијаспората да ја вратиме дома. Ако ја прекинеме и оваа врска, тогаш практично прекинуваме каква било врска на дијаспората со сопствената татковина. Ние тоа не сакаме да се случи, напротив, ние сакаме да ја интензивираме таа, да ја засилиме таа врска. Така што, за нас е тоа многу важно. Сè останато, како ќе кажат, така ќе им прифатиме. Еве, сè што сакаат, тоа ќе биде прифатено, повеќе пари за финансирање кампања, начин на гласање, начин на жалби и поплаки, како они сакаат, така ќе прифатиме, но за нас задолжителен и константа е гласањето на дијаспората - рече Мицкоски.
Тој повторни дека СДСМ и Левица не сакаат да дозволат дијаспората да гласа во поголем обем, како и дека се осатава простор сето тоа да се примени на претседателските избори 2029 година.
-Тие излегоа во јавноста, велат ВМРО-ДПМНЕ сака да ни ги украде изборите. Што значи дека тие однапред од денеска признаваат дека и на следните парламентарни избори што ќе бидат пред 2029 година ќе доживеат уште еден политички изборен дебакл. Во ред, тие имаат таков губитнички менталитет, тоа е нивен проблем. Но, наш проблем е да организираме избори што ќе бидат кредибилни, онакви какви што беа локалните избори, би рекол, по скандинавски модел. Така планираме, додека сме Влада, додека сме ние одговорни заедно со Државната изборна комисија, да ги организираме избори - додаде Мицкоски.
Во врска со последната анкета на Маркет вижн, спроведена од 10 до 27 јуни, по нарачка на порталот МКД.мк, која покажува водство на владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер и дали таа е можеби поттик за организирање на предвремени парламентарни избори, Мицкоски нагласи дека нивна стратешка цел останува да го доиспорачаат она за кое што се обврзале пред граѓаните.
-Јас многу пати во минатото сум кажал, ќе повторам и сега, дека за нас останува стратешка цел да го доиспорачаме она коешто сме се обврзале пред граѓаните. Вакви објекти, да санираме последици од минатите децении катастрофа, којашто се случувала во државата. Инаку, ние целиме кон полн мандат, односно кон четири години. Сега, доколку има политички сили и мнозинство во Парламентот, ВМРО-ДПМНЕ е подготвен да излезе на избори во секое време - порача Мицкоски.
Според резултатите од анкетата на прашањето за која политичка партија ќе гласаат на наредните избори, од одговорите на испитаниците произлегува дека за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 20,5 отсто, за СДСМ 6,2 отсто, за ДУИ 5 отсто, за Влен 4,4 отсто, Левица 2,9 и ЗНАМ 1,5 отсто, а и кај лидерите на политичките партии во предност е Мицкоски со поддршка од 23,3 отсто.
МИА
Ново на Сител
-

Тошковски: Одговорност ќе се побара од секој кој со извршување или неизвршување бил вклучен го загадувањето на водата во Гостивар
-

Иран: Секоја британска база што ќе ја користат САД ќе биде легитимна цел
-

Приведен возач-почетник, возел двојно над дозволената брзина на автопат со 211 км/чaс | ФОТО
-

Ангелов: Во Гостивар, вчера и денеска испорачани околу 200.000 литри пакувана вода
-

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат
-

Тошковски: Во гостиварскиот водовод се врши плакнење и хиперхлорирање
-

Трамп: Иран ќе се соочи со голема воена казна поради нападите на Хутите во Црвеното Море
-

Еден осомничен за обид за тешка кражба во Скопје
