Мицкоски: Можни се предвремени парламентарни избори заедно со локалните
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вчерашното гостување на ТВ 21 рече дека сите опции се отворени во врска со предвремените парламентарни избори. Односно, како што тврди, можни се и парламентарни заедно со локалните избори, но и избори напролет иднината година.
„Нема ништо добро за граѓаните, имаме тотална катастрофа“, рече Мицкоски, кој потоа на прашање на модераторот, коментираше за „математиките“ за можни парламентарни избори заедно со локалните.
„Сите опции се отворени, можеме да имаме заедно со локалните и предвремени парламентарни избори, може да чекаме резултати од локалните, па да видиме, па после да имаме напролет предвремени парламентарни избори. Така што сите опции се отворени. Не би сакал да зборувам сега за детали, затоа што кога зборувате за детали, дел од граѓаните имаат некои високи очекувања, а друг дел се борат да не успеете. Факт е дека Македонија во моментов се движи во погрешна насока и тоа мора да го смениме“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-
50 години клиника за нефрологија – годишно на дијализа завршуваат околу 300 нови пациенти
-
5-ти смртен случај со грип оваа сезона
-
Доживотен затвор за убиецот кај Мавровка
-
Обвинителството поднесе жалба за куќниот притвор за Асмир Јахоски
-
Мицкоски: 5% од судиите и обвинителите се последниот штит на криминалите на владата СДС-ДУИ
-
Уставен суд: Уставот не предвидува интерпелација на уставните судии
-
Државата за две години потрошила 8 и пол милиони евра само за набавка на нови автомобили