Мицкоски: Мудроста и разумот да бидат главните двигатели на сите одлуки
Дозволете во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ да Ви го честитам најголемиот христијански празник - Воскресението Христово Велигден.
Ви посакувам безброј мигови на среќа, на спокој и на љубов за вас и вашите семејства.
Благодат за секој еден од нас која произлегува од радоста на Христовото Воскресение кое пак, еве веќе два милениума претставува најмаркантниот настан во историјата на човештвото, но и сведок за неизбежноста на победата на доброто врз злото.
Живееме во време полно со предизвици, поделби, гнев, со омраза едни кон други, но и во време на големи неправди.
А тоа највеќе нé боли!
Кога гледаме дека од нашите раце сакаат да ја оттргнат надежта, соништата - нашите најмлади членови на ова општество кои притиснати од очајот на властa се приморани да ја бараат својата среќа во други држави, надвор од нивните родни огништа!
Имаме задача - моја, ваша, заедничка - да му ставиме крај на ова сивило и да ги промениме работите!
Да ставиме крај на неправдите и на заедничките болки што предизвикуваат заеднички страдања!
Заедно да се избориме за нови стандарди!
Друга опција немаме, и ова е Македонија за која се бориме.
Ова е Македонија во која веруваме!
Ова е Македонија за која вреди секоја наша болка, секоја промена, секоја возобновена надеж, секоја заедничка иднина.
Да ги кренеме главите, и да покажеме што можеме. Со срце, со ум. Заеднички.
За неповторливата шанса на нашата генерација.
Драги браќа и сестри,
Историјата нé учи дека предизвиците и ударите врз нас никогаш не престанале.
И денес се нападнати нашите темели кои се основата на сите наши силни колективни верувања, но и она што сме!
Овој пат разликата ќе ја правиме по мудроста што ќе ја покажеме и по обединетоста која мораме да ја имаме.
Во овие празнични денови испраќам и порака кон една од нашите најголеми идентитетски тврдини - Македонската Православна Црква - Охридската Архиепископија: единството и трепетот над македонскиот оган, како и секогаш низ вековите - да продолжат да бидат главната одлика.
Мудроста и разумот да продолжат да бидат главните двигатели на сите одлуки во овие историски времиња.
Целосно знаејќи за она што сме и за она што мора да продолжиме да бидеме.
И верувам дека нашата света црква како и до сега, ќе продолжи да биде големиот чувар на идентитетот на македонскиот народ.
Почитувани пријатели,
Добрината и љубовта нека биде водилка во вашите срца, а светлината и топлината нека бидат присутни во сите наши домови!
Нека е за многу години Велигден!
Христос воскресна!
Навистина воскресна!
Ново на Сител
-

Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
-

Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ
-

Просечната нето-плата во август изнесувала 48.733 денари
-

Зголемена употреба на дронови на одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба
-

Клековски: Годинава извршени 15 трансплантации на бубрег, до крајот на годината планирани уште три
-

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје
-

Kривична пријава за двајца вработени во Брзата помош во Тетово – не испратиле екипа за повредено лице
-

Сведоци на одбраната: Полицијата била пред дискотеката и помагала по пожарот во „Пулс“
