Мицкоски на митинг во Радовиш

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на митинг се обрати пред граѓаните во Радовиш.
Мицкоски пред присутните посочи дека на овие избори се одлучува за иднината на Македонија, и се нудат два различни концепти, едниот на СДСМ каде власта се богати на грбот на граѓаните и другиот на ВМРО-ДПМНЕ за богати граѓани и достоинствена, принципиелна и честита Република Македонија.
– Вие нудите иднина откажувајќи сте од минатото, кое што како сидро ве влече не давајќи ни да мрднете милиметар кон иднина, за нас минатото, нашата традиција и обичаи се наша гордост и заедно со нив ќе грабиме кон вистинска европска иднина, нашето минато е нашето едно. Ние со граѓаните комуницираме на начин со тоа што им се обраќаме со браќа и сестри, со добри луѓе, а вие заедно со Стево најпрвин ги нарековте стока, а потоа ги нарековте сурати, истакна Мицкоски.
Тој од жителите на Радовиш побара поддршка за професорката Гордана Силјановска Давкова затоа што таа е најинспиративниот професор, заштитник на правото и законите, борец против неправдите и секогаш кога Македонија била во искушение таа застанува на браникот на одбрана на идентитетот и татковината, за разлика од Пендаровски и СДСМ кои крадат и тргуваат со татковината.
На повиците на СДСМ за откажување од минатото , Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ не се откажува баш од никој, од ниту од еден кој што е дел од било која генерација, еден за сите, сите за еден.
– Подготвен сум се што било направен спротивно од волјата на народот, кој работи и греши и подготвен сум да го прифатам на себе, подготвен сум да водам и да понудам решенија за подобра иднина и честита Македонија. Но тоа што било доброи и било корисно, а имало илјадници проекти подготвен сум да ги усовршам, проширам надградам да понудам дополнителна иновација и сето тоа да го понудам на граѓаните, кажа Мицкоски.
Тој се осврна и за неправдите и неисполнетите ветувања на власта, дека ветуваа подобар живот за младите, но ништо не исполнија, патриоти се судат по два века казна, а терористи од ИСИС три пати помали казни, на земјоделците загарантиран откуп и повисоки субвенции, а ништо од тоа се нема исполнето и од ветувањата бегаат како ѓавол од темјан.
Бев во Ресен разговаравме со ресенчани, за нивната мака, сведочеа како со пила ги сечат крошните кои род раѓаат, затоа што еден килограм јаболка е еден денар и нема ни за тоа кој да ги купи. Во Малешевијата и Пијанец и овде во Радовиш сливите се истураа на улиците затоа што немаше кој да ги откупи, кога бев Кочани полни се магазините со ориз, но нема кој да го откупи оризот, раноградинарските производи останаа необрани затоа што немаше кој да ги откупи, нагласи Мицкоски.
Тој исто така потенцираше додека ВМРО-ДПМНЕ легнуваат и се будат со мисла за Македонија, СДСМ ја распарчуваат, го продадоа името иако се колнеа во најмилото дека тоа нема да го направат, а се срамат и од македонската химна, па уште лажеа дека доцнел авионот, за да признаат дека не сакале да му наштетат на Ципрас во Грција.
Затоа Мицкоски на крајот уште еднаш побара од граѓаните на Радовиш масовно да излезат на 21 април и на 5 мај за победа на професорката Силјановска Давкова, а веднаш потоа за предвремени парламентарни избори за победи ВМРО-ДПМНЕ и Македонија да се врати на вистинските патеки, да дојде победничката зора и правдата во Македонија.
Ново на Сител
-

Специјализација за интерна и општа хирургија од новата академска година
-

Протест на културните работници
-

Петиција да се забранат социјалните мрежи за деца под 12 години во Македонија
-

Европските аеродроми бараат флексибилност во функционирањето на системот за влез/излез
-

Преглед на вестите од светот
-

Ниту еден сведок не дојде на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека
-

Ректорите на сите државни универзитети дадоа поддршка за новиот закон за високо образование
-

Во Штип 503 ученици ќе полагаат матура според строги критериуми
