Мицкоски најави нови проекти во Гевгелија

Почитувани,
Денеска заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носителот на листата во изборната единица 4, Александар Николоски, на покана на градоначалникот Андон сме овде во Гевгелија заедно со пратеничката Ангелина Петкова, заедно со претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со гевгеличани, да направиме увид на неколку проекти кои што локалната самоуправа на чело со Доне како градоначалник и администрацијата ги прават овде во Гевгелија.
Можам да кажам дека навистина се прават многу проекти, им честитам и на градоначалникот, и на администрацијата, честитам и на советниците кои што ја поддржуваат работата на Доне како градоначалник овде во Гевгелија.
И можам само да им посакам така да продолжат бидејќи очекуваме најпрвин голема победа на следните и парламентарни и претседателски избори овдека во Гевгелија, и листата чија што носител е потпретседателот Александар Николоски, листата во изборната единица 4.
И исто така очекуваме голема победа за идниот претседател, а тоа е професорката Гордана Силјановска Давкова.
А, потоа и дел од проектите кои што досега беа опструирани од страна на централната власт односно на Владата да бидат откочени, но и дополнително да бидат реализирани и други проекти кои што се од огромно значење за гевгеличани. Јас знам дека Доне и администрацијата се подготвени имаат многу проекти, и што би се рекло чекаат да се случи промената во Владата и тие проекти како резултат на политиките на идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата да бидат реализирани.
Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Сончево и топло, до 38 степени
-

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило
-

„Мерцедес“ ги крати трошоците поради неконкурентност, „Фолксваген“ пред затворање фабрики и укинување 100.000 работни места
-

Два активни пожари на отворен простор во Василево и Прилеп, пет изгаснати
-

Трамп: Иранските напади со дронови врз бродови во Ормуз е кршење на прекинот на огнот
-

Притворен македонскиот државјанин за убиството на 45-годишната жена на Крит
-

Еден час пауза во Собранието - заврши општиот претрес на измените на Законот за основно образование
-

Градоначалничката на Кисела Вода го пречека победникот на „Ѕвездите на Гранд 2026“ Бојан Илиевски
