Мицкоски: Нападите врз Данела Арсовска се резултат на нервозата и стравот од пораз на СДСМ
Нападите врз Данела Арсовска од страна на нашиот политички противник за градот Скопје е резултат на нервозата и стравот од поразот кој ќе следува за СДСМ на 17 октомври, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за вестите на Сител Телевизија и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ дека партијата ќе води исклучително позитивна кампања.
Она што жалам и што го гледам кај спротивниот табор, кај нашиот политички противник и нивниот кандидат за градоначалник на Град Скопје е навистина една негативна кампања, нешто што не доликува на луѓе кои претендираат да го водат Скопје иако тоа го правеа неуспешно изминатите 4 години. Тоа се луѓе кои имаат силно ниво на самобендисаност, ароганција, луѓе кои навистина го изгубиле секое човечко достоинство но пред се една голема доза на страв од пораз кој е се поизвесен и кој ќе се случи на 17 октомври, истакна Мицкоски.
Тој им порача на СДСМ да го зачуваат човечкото достоинство бидејќи граѓаните повеќе не сакаат негативни кампањи и преку глава им е од ниски напади, и да се фокусираат на идеи и програма.
Да водиме една позитивна кампања, ВМРО-ДПМНЕ ќе води позитивна кампања, да им понудиме не само на скопјани туку на сите граѓани во Македонија програма која ќе можат да оценуваат проекти, стратегија и визија за развој на општините. Но за жал почетокот кај нивниот кандидат за градоначалник не ветува таква кампања. Тоа е нивен начин, но јас можам да им порачам да бидат малку достоинствени бидејќи поразот на 17 октомври ќе се случи, барем да зачуваат малку достоинство, потенцираше Мицкоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Три лица вдишале чад, откако бил опожарен автомобил во подземна гаража
-

Дизелот поевтинува за 2,5, а бензините за 1,5 денар по литар
-

Неготино: Го грабнале, му ставиле пиштол на глава и го терале да признае силување
-

Од полноќ нови цени на горивата
-

Изминатиот продолжен викенд 1303 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 57 лица
-

Попладне локални врнежи од дожд
-

Поранешната претседателка на ДКСК Димитровска не се чувствува виновна за кривичното дело за кое се товари
-

Мицкоски: Изминатите 20 месеци Царинската управа ги бележи најдобрите резултати во своето постоење
