Мицкоски: Народна пљачка – Србија гради ист Клинички за 125 милиони евра, а Заев и Филипче за пола милијарда евра
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешниот Дневник на Сител телевизија во Тема на денот истакна дека хибридниот режим на СДСМ и Заев ќе гради Клинички центар кој е четири пати поскап од оној кој во моментов се гради во Србија.
-ВМРО-ДПМНЕ реагираше така како што реагираше околу изградбата на тој фамозен Клинички центар, кои што гледам сега во овие 8 милијарди евра повторно се најавува и тоа со сума од минимум 500 милиони евра. Овој документ што го држам во рака е за новиот Клинички центар кои што практично во септември треба да се изгради во Србија, а веќе се гради, и овој Клинички центар кој што е идентичен на нашиот со 1000 болнички кревети и други работи чини верувале или не 125 милиони евра. Или четири пати помалку од оној клинички центар што планира хибридниот режим на СДСМ и Зоран Заев да го изградат. Епа ако ова не е пљачка и криминал во најава, тогаш не знам за што ние зборуваме, дециден е Мицкоски.
Нашиот концепт за изградба на Клиничкиот центар, рече Мицкоски односно концептот на ВМРО-ДПМНЕ е токму како тој што се гради во Србија.
-Ако во 2016-тата и 2017-тата година не се поништи тој тендер, денес граѓаните ќе имаа Клинички центар и реновирани клинички болници во рамките на “Мајка Тереза”. Но, за жал трчајќи по провизии здравјето на граѓаните повторно се става на коцка и за жал граѓаните кај нашиот северен сосед ќе имаат кои ние требаше да го имаме, а го немаме. Туку имаме во најава пљачка од повеќе од милијарда евра, изјави Мицкоски.
Ново на Сител
-

Исланд со осум голови разлика ѝ го нанесе првиот пораз на Шведска
-

Наполи убедливо поразен од Јувентус, Елмас одигра 70 минути
-

Србија европски првак во ватерполо
-

Хрватска ги задржа шансите за полуфинале со триумф над Швајцарија
-

Превозниците ќе ги блокираат граничните премини, бараат решение за престојот во шенген-зоната
-

Облачно со повремени врнежи од дожд
-

Зеленски: Американскиот документ за безбедносни гаранции за Украина е подготвен
-

СВР Битола поднесе кривична пријава за измама со лажна сообраќајна несреќа
