Мицкоски: Народот е желен за правда, затоа може да протестира против Судски
Тераат инает и со тоа ќе го предизвикаат народот бидејќи тој е желен за правда. Ова е коментарот на премиерот Мицкоски дека тој би застанал во прв ред на евентуални протести против членовите на Судскиот совет кои не поднесуваат оставки и покрај изгласаните интерпелациите од парламентот. Тој и понатаму тврди дека мал де од судии и обвинителите се уште се последниот браник на Владата на СДСМ и ДУИ, и дека меѓу нив се и овие 5 члена.
„Кога оние кои ви ја дале довербата ви гласаат недоверба, чесно е да не правите трикови и да си заминете..Гледаме дека тераат инает, мислат дека со инает нешто ќе успеат да направат. Но, јас сум постојано со народот и го слушам народот како реагира. Јас само сакам да кажам дека доколку не постапат соодветно на одлуката на оние кои ги бираат, се плашам дека може да им се случи народ. Може да се случи народот да се самоорганизира да протестира, бидејќи тој народ е желен за правда. Излеговме на избори, освоивме половина милион гласови и тоа е тоа. Нашата цел беше да донесеме правда за сите и во име на тоа, имам чувство, доколку дојде до протести, тој протест може да биде многуброен и поддржан лично од мене''.
Мицкоски смета дека ваквите најави за можни протести се само предупредување за последиците од однесувањето на членовите на Судскиот совет, а не се обид за притисок на извршната врз судската власт.
Во меѓувреме Уставниот суд веќе втор ден предупредува дека не се можни интерпелации на уставните судии, како што најавија интегративците по гласањето за недоверба на членови на Судскиот совет. Од таму велат дека интереплацијата го опфаќа делот на поделба на власта, а тие не се дел од оваа поделба.
„Кристално е јасно, на секој правник од прва година студент му е јасно дека Уставниот суд претставува четврта власт и не подлежи на начелото поделба на власт. Инструментот интерпелација во никој случај неможе да биде употребен за Уставниот суд и уставните судии. Ние сме контролори на таа власт, на сите три власти – законодавната, извршната и судската. Тоа би бил распад на уставниот поредок“, објаснуваат од Уставниот суд.
На прашањето дали Собранието би понело одговорност доколку сепак биде отворена постапка за гласање на недоверба на уставен судија, од таму велат дека „секој е должен да го почитува Уставот, па и Собранието“.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар